Премиерот на Чешка Андреј Бабис изјави дека е подготвен да расправа со претседателот на земјата Милош Земан и другите раководители, за евентуалното повлекување на признавањето на Косово од страна на Чешката Република.
„Повеќе би сакал дебати на оваа тема кога има состанок за нашите надворешни односи, односно да се сретнам со претседателот на Домот, претседателите на двата дома на парламентот, премиерот, шефот на дипломатијата и министерот за полиција. Позициите не ни се совпаѓаат.Ќе ја почекам дебатата и ќе завземам став за тоа “, рече Бабис, пренесува порталот Спутник.
Чешкиот претседател Милош Земан во Белград изјави дека за еден месец на состанокот на уставните власти во Прага ќе постави прашање дали е можно да се повлече признавањето на независноста на Косово.