Свет

Промени на чело на Русија и Украина, случајност или …

Марија Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, смета дека не е чудо што практично во исто време имало промени на чело на Русија и Украина – сепак се работи за братски нации.

„Сега разбирам што значи терминот„ братски народ 🙂 “. Заедно во се “, се пошегува Захарова на Фејсбук.

Премиерот на Украина Алексеј Гончарук утрово поднесе оставка. Несогласувањето меѓу Гончарук и претседателот Владимир Зеленски се појави откако на социјалните мрежи беше објавено видео на украинскиот премиер во кое тој негативно ја оценуваше работата на украинскиот претседател.

За потсетување вчера, имаше промени и во Русија – Премиерот Дмитриј Медведев поднесе оставка.

Related posts

1 comment

DLM 18/01/2020 at 16:11

Обичен спин од страна на Марија!
Во некои кругови на оваа смена се гледа како чекор за подготовка на онаа што претстои.
Се очекува балонот кој го креираа ЕУСА да пукне по изборите во САД-ето, дека до изборите ќе се интервенира да не дојде до негово пукање.
Новото лице во тамошните кругови важи како добар економист и организатор (му се припишува дека од даночната служба направил нешто совршено) затоа сметаат дека ќе успее да се спротивстваи на хиените инсталирани во руската централна банка но и на другите…..

Овој чекор, не е изолиран туку е само еден од сетот на мерки:
-циркулира прелог до думата со кој се бара дерегистрација на партии кои се финансирани од надвор;
-уште еден предлог во иста насока е носење закон со кој се забранува на лица странци или со двојни државјанства да бидат дел од државниот апарат избрани и именувани лица – администрацијата или јавните служби;

има повеќе мерки кој сака нека истражува.

Reply

Leave a Comment