Свет

Протести во Мелбурн против 5Г мрежата и Бил Гејтс, полицијата ги апси демонстрантите (ВИДЕО)

Мелбурн – Австралиската полиција уапси 10 лица во Мелбурн за време на протестот против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус.

Околу 150 лица кои се спротивставуваат на мерките за физичко растојание протестираа денеска во Мерлбурн пред зградата на државниот парламент на Викторија.

Демонстрантите се соочуваат со казни до 1.600 австралиски долари (1.045 американски долари) за кршење на ограничувањата, пренесува Би-Би-Си.

Демонстрантите бараа апсење на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кого го обвинија за креирањето на коронавирусот, а исто така побараа отстранување на 5Г мрежата за која велат дека е штетна по здравјето на луѓето и е поврзана со ширењето на вирусот.

Австралија постепено ги олеснува рестриктивните мерки како дел од планот за „безбедна економија“ што ќе биде лансиран во јули.

Сепак, Викторија го одложи олеснувањето на ограничувањата, откако резервоар за инфекција во една кланица во Мелбурн доведе до зголемување на бројот на нови случаи.

 

Related posts

Leave a Comment