МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин денеска и нареди на руската армија да се откаже од плановите за упад во фабриката Азовстал во украинскиот пристанишен град Мариупол и најави дека сака таа да остане под блокада.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска го информирал Путин дека Мариупол е окупиран, како и дека „во фабриката Азовстал останале околу 2.000 екстремисти“, пренесува Танјуг.
Рускиот претседател му рекол на министерот за одбрана дека нема потреба да се влегува во подземните коридори под фабриката и дека руските војници треба да ги блокираат сите приоди кон индустриската зона во Азовстал, пренесе Ројтерс.