Свет

Путин: Не смее да се воведе задолжителна вакцинација

Владимир Путин

Руската економија, без оглед на тешкотиите, постепено се опоравува и ги надминува последиците од пандемијата на корона вирусот, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој исто така укажа на потребата од вакцинирање на што поголем број граѓани со цел да се намалат ризиците од ширење на болеста.

– Руската економија, и покрај сите тешкотии, сè уште постепено се опоравува и ги надминува последиците од епидемијата на вирусот корона. Во периодот јануари-март годинава, БДП е само еден процент помал отколку во периодот пред минатата година, што и претходеше на кризата – рече Путин на седницата за економски прашања.

Путин предупреди дека и во руската и во светската економија сè уште има фактори на нестабилност и дека, имајќи го тоа предвид, потребно е постојано да се „чувствува пулсот“.

Во овој контекст, тој зборуваше за потребата од намалување на ризиците од ширење на вирусот и формирање на колективен имунитет преку вакцинација што би опфатило што повеќе луѓе во Русија.

Путин, сепак, смета дека воведувањето на задолжителна вакцинација не е целисходно.

– Знам дека има различни мислења во врска со воведување на задолжителна вакцинација против вирусот корона. Сакам уште еднаш да го кажам мојот став. „Според мене, тоа не е целисходно и не смееме да воведеме задолжителна вакцинација“, рече рускиот претседател на сесијата. Самите граѓани мора да сфатат дека тоа е потребно – додаде тој.

Претседателот апелираше до своите сограѓани да се вакцинираат, нагласувајќи дека рускиот препарат е сигурен и безбеден и дека има милионска примена, како и дека луѓето треба да го формираат своето мислење верувајќи во стручното мислење на лекарите.

Related posts

Leave a Comment