МОСКВА – Парадата по повод денот на победата во Втората светска војна ќе се одржи на 24 јуни, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин.
Парадата и одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна требаше да се одржи на 9 мај, но поради пандемијата на новиот вирус корона, церемонијата беше одложена, пренесува Тасс.
„Давам наредба да започнат подготовките за одржување на воена парада во главниот град на Русија и другите градови“, рече Путин за време на средбата со претставниците на армијата.
Александар Ѓорѓиовски