Рускиот претседател Владимир Путин го канализираше својот внатрешен Бондовски негативец со мрачен коментар по состанокот со американскиот претседател Џо Бајден во Женева.
Кога по средбата новинарите го прашаа дали постои доверба и среќа помеѓу него и американскиот лидер, Путин одговори: “Не постои среќа во животот, само нејзина илузија . ”
„There‘s no happiness in life, Mr. Bond“ https://t.co/13I1ItweV6 pic.twitter.com/33ytPrgyl2
— Kat (@katcontent_) June 16, 2021
Се верува дека Путин го цитирал рускиот писател Лав Толстој кој му рекол слична работа на неговиот колега Иван Бунин.
Бунин имал 23 години кога се сретнал со Толстој една ледена ноќ во Москва во 1894 година. Авторот на „Војна и мир“ тогаш имал 65 години и му дал совет на младиот колега велејќи му да не очекува премногу од животот.
Коментарот на Путин создаде хаос на социјалните мрежи.
"In life, Mr. Bond, there is no happiness. There’s only the specter of happiness.” https://t.co/Babg6n4hSi pic.twitter.com/xS5zyNkaGh
— Dr. Chimporrada (@pandrest) June 16, 2021
„Тоа е истовремено најруската и најбондовско-злосторничка работа што сум ја слушнал било кој светски лидер“, наведе еден корисник на Твитер.