Политичката партија Родина Македонија на својата официјална страница објави вест дека го доби судскиот спор против пучистите: доскорешниот претседавач на претседателството Горан Шумковски и Емилија Гелева.
Имено, по обидите на Шумковски да ги урне основните принципи и статут на партијата и да ја претвори во екстремистичка организација, (некоја варијанта на православен Хамас или Хејзболах), од нему само познати причини, како и да се наметне како султан лидер спротивно на колективното претседателство кое е највисок орган, десет од тринаесет члена од легитимното претседателство го разреши од неговата функција и го назначи Зоран Јованчев на местото претседавач.
Обидите за рушење на Родина Македонија од страна на Шумковски продолжија со свикување на нелегитимен ЦК во Прилеп каде што формирале нелегитимно раководство и за претседавач ја назначиле Емилија Гелева која не е ниту основач ниту член на партијата.
фото од пучистичкиот собир во Прилеп
За цело време групата околу Шумковски генерираше лош имиџ за партијата па така низ социјалните мрежи се појавија слики и информации дека во канцеларијата каде што тие се собираат се конзумирал алкохол во големи количини.Родина Македонија се оградува од такви таканаречени општински комитети кои самоиницијативно се формирани и го валкаат угледот на партијата и во иднина ќе поднесе судски мерки.
Во продолжение го објавуваме соопштението на Родина Македонија во целост :