ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА НАДОАЃАЧКАТА ЕКОНОМСКА АПОКАЛИПСА НА КОРУМПИРАНИТЕ ДОНЕСЕ УШТЕ МИЛИЈАРДА НОВ ДОЛГ!
Родина Македонија ја смета за намерна неодговорноста и некомпетентоста на корумпираните нелегитимни власти, кои со финансиското уривање на Македонија го одработуваат воведувањето на вечно финансиско ропство и раздавање на нашите заеднички блага и ресурси на глобалофашистите на барабан и за без пари! За Родина намерниот финансиски крах на хунтата ќе биде и ќе остане само нивен крах, на нивен грб и од нивни џеб а не на сметка на македонскиот народ и идните наши генерации!
По нашата претходна објава за финансискиот извештај до месец Мај, продолжувањето на финансискиот криминал и наметнатиот економски колапс се потврдува и тоа со зголемен интензитет и во најново објавениот финансиски извештај до месец јуни 2020. Сите овие документи се официјални и објавени на сајтот на Министерство за Финансии.
Ако ги согледаме бројките и како тие растат, на Македонија ѝ претстои “Економска Апокалипса“ која може да се случи во првиот квартал на 2021 година но и порано! Дефицитот на Буџетот порасна за околу 300 милиони денари или 5 милиони евра за месец јуни во споредба со месец Мај. САМО ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ!!!
Македонскиот дефицит расте од месец на месец, Македонскиот долг расте од месец на месец и Македонската економија тоне од месец на месец и се така до бескрај и до колапс на корумпираниот систем!?
Во прилог ви го даваме финанскиот извештај до месец јуни.
Предвидени странски заеми за 2020 година околу 1 милијарда и 260 милиони евра! Дали тие ќе бидат доволни ќе видиме како се приближуваме до крајот на годината.
Македонскиот Државен долг порасна за 8,9% само од првиот до вториот квартал заклучно со месец јуни 2020 (табела подолу)!
Државниот долг од април до јуни е зголемен за околу 964 милиони евра нови задолжувања!
Вкупно јавниот долг на Македонија порасна од 50,7% до 59,5% или од
5 милијарди и 559,9 милиони евра до 6 милијарди и 527 милиони евра!
Родина Македонија не само што ќе продолжи да ги посочува кражбите кои штрчат од финансиските извештаи но и нашите видувања и програмски решенија за нив, а тие се дека финансикиот крах кој нелегитимните власти го подготвуваат ќе си биде само нивни и на нивен грб и џеб, а не на сметка на Македонскиот Народ.
Науме Кајмакоски, Комисија за финански систем – Родина Македонија
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“