РУСКИОТ претставник во ОН Дмитри Полјански денеска на Твитер објави дека Русија има „непобитни докази за украинската одговорност за нападот на Оленивка“, проруски сепаратистички затвор во кој неодамна беа убиени 53 украински заробеници од фабриката за челик Мариупол Азовстал.
„Денеска го информиравме генералниот секретар на ОН дека имаме непобитни докази за украинската одговорност за гранатирањето на Оленивка. ОН не треба да се кријат, туку да го осудат ова злосторство на режимот во Киев“, напиша Пољански, без да прецизира со какви „непобитни докази располагаат“.
„Русија започна меѓународна истрага за да ги пронајде виновниците и да ги казни“, додаде рускиот дипломат.
Today we informed @antonioguterres that we have irrefutable evidence of #Ukraine’s responsibility for the shelling of #Elenovka. UN should not hide from condemning this crime of #Kiev regime. Russia launches international investigation to find the culprits and punish them https://t.co/LqklkUlj5K
— Dmitry Polyanskiy (@Dpol_un) July 31, 2022
Украина од друга страна ја обвинува Русија за масакрот на воените заробеници. Москва соопшти дека ќе дозволи пристап до Оленивка на експерти на ОН и Црвениот крст, кои треба да спроведат независна истрага.