Свет

Руска дума за НАТО : Тие се волци во кожа од беспомошни овци

Армија на НАТО 25.11.

Русија не се заканува никому, само се брани од агресивните активности на НАТО, додека Алијансата се обидува да се прикаже како стадо беспомошни овци, изјави заменикот на руската државна дума Руслан Балбек, коментирајќи ја изјавата на генералот на Северноатлантската алијанса Андре Ланат за заканите од  маневрите на руските и кинеските вселенски апарати.

Балбек исто така потсети дека токму Америка му објави на светот дека е неопходно да се распореди оружје во вселената, единствено заради остварување на сопствените цели.

– Кога ги слушате генералите на НАТО, тоа е како да се работи за беспомошно стадо овци што пасат трева на нивната територија, додека Русија и Кина се волци кои ги напаѓаат – рече рускиот пратеник.

Тој, исто така, оцени дека не му доликува на еден генерал на НАТО така да зборува за наводни руски закани.

– Москва само се брани од агресивните политики на Алијансата, која не е ништо друго освен волк во јагнешка кожа.

Андре Ланат неодамна изјави дека на западните земји им се заканува опасност во вселената, бидејќи, предупредува тој, руските и кинеските вселенски апарати извдуваат маневри во близина на нивните сателити.

 

Related posts

Leave a Comment