Свет

Руска олимпијка со освоени 11 медали од Донбас: Видов убиени цивили насекаде околу мене кога бев мала, мојот народ беше истребуван

Девојката со 11 најсветли медали на големите натпреварувања ја раскажа својата страна на приказната

Претходните денови многубројни руски и украински спортисти даваа изјави на тема – војната која трае веќе десет дена. Имаше различни мислења, а веројатно никој од нив не беше повеќе прозвам да зборува за тоа од Марина Голијадкина, девојка која е Русинка од Доњецк!

Таа и нејзиното семејство избегаа од Донбас пред осум години, кога паравојските го мачеа локалното руско население. Сега се сети на тој период и му посочи на светот дека тогаш никој не се борел за нејзината и судбината на нејзините сонародници.

Марина подоцна стана репрезентативка на Русија во синхронизирано пливање, а под знамето на новата татковина освои голем број од најголемите медали. Круната пристигна во Токио, каде што го освои златото на Олимписките игри, откако во колекцијата веќе имаше пет златни медали од Европските и Светските првенства.

Ова е Марина која испрати силна порака:

Војната за која сега зборува цел свет за Марина и нејзиното семејство трае речиси една деценија …

„Ја почувствував оваа војна и денес јасно разбирам кој е вклучен во неа. Штета што светската заедница не крена толку врева сите овие години за граѓаните на Доњецк и Луганск, за кои Русија имаше храброст да пресече. Луѓето кои некогаш живееле во Донбас заборавиле што се случило таму“, додаде таа во објава на Инстаграм.

Таа замина и успеа да направи кариера, но многумина останаа да живеат во многу тешки услови. Приказната на Голијадкина е за нив сега …

На крајот отидовме во Русија. Многу познаници останаа во Доњецк кои ми рекоа дека звуците на гранатирање и експлозии не престанале цели осум години. Затоа, од прва рака знам како живееле сите овие години. Децата родени во тие години немаа детство. Доњецк беше еден од најубавите градови во Украина, а сега ме боли срцето: сè е урнато, сè е уништено“.

На крајот напомена дека нејзините ставови не се политички и дека не сака војна – само сака луѓето да ја знаат вистината.

Сакам  сите да си живееме мирно под нашето небо. Сакам и луѓето да ја знаат вистината. Штета е што гласовите на луѓето од Доњецк и Луганск не се слушнаа цело ова време…“, заклучи Марина Голијадкина.

Related posts

Leave a Comment