Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека за време на специјална воена операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети.
Веста за безброј жртви во редовите на руската армија е дезинформација, изјави за новинарите претставникот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.
Кога станува збор за загубите во редовите на украинските националисти и армијата, Конашенков рече дека има над 2.870 загинати и околу 3.700 ранети, пренесува Спутник.