Реакции

САД ја поздравија одлуката на Собранието

САД соопштија дека ја поздравуваат одлуката на Парламентот кој ги усвои заклучоците за францускиот предлог со кој треба да се откочат македонските евроинтеграции.

„Ги препознаваме тешките размени направени со овој компромис, кој го признава и го почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик“, е наведено во изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Тој додава дека одлуката доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.

„Европската унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори“, наведува тој.

Со 68 гласа „За“ пратениците во Собранието денеска ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог. Немаше против и воздржани пратеници. Пратениците на опозицската ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија собраниската сала. Три дена пратениците расправаа за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ предложена од Франција.

Related posts

Leave a Comment