На свадбата на Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски од пред неколку дена меѓу присутните гости беа високи функционери на СДСМ во кои спаѓа и директорката на Кожната клиника Нина Цаца Билјановска за која денес беше потврдено дека е заболена од коронавирус.
Од тука логички е стравот кај членовите на владеачката партија за можноста Билјановска да заразила многу од функционерите кои биле присутни на свадбата меѓу кои биле и претседателот Заев, Радмила Шекеринска и многу други.
Билјановска минатата недела била на состаноци во седиштето на СДСМ на Бихаќка како и на координациите за листи на пратеници кои активно се случуваа во овој предизборен период.