Податоците на компанијата „Ин-вениум“, која ги анализира податоците на мобилниот оператор А1, покажуваат дека на првиот ден од карантинот само 18 отсто од граѓаните ја намалиле мобилноста, пишува весникот „Клајн цајтунг“.
Сегашното „тврдо“ заклучување во Австрија го почитува мал број граѓани, покажува движењето на граѓаните врз основа на податоците од мобилните оператори.
За споредба, во првото заклучување дури 40 отсто од граѓаните го намалија движењето.
Секојдневно, при контрола на мерките за корона, во Виена се „фаќаат“ десетици возачи и пешаци кои треба да бидат дома.