Навивачите на Арсенал со свирежи од теренот, го испратија капитенот на својот тим Гранит Џака.
Начинот на кој се понесоа симпатизерите кон него, дополнително го вознемири швајцарскиот репрезентативец , кој гестикулираше кон нив и предизвика дополнителен гнев кон него.
По напуштањето на теренот, тој одби да се ракува со менаџерот Унаи Емери и демонстративно го соблече дресот на лондонскиот клуб.
„Ќе зборуваме за тоа. Тој погреши. Кога навивачите протестираат, мора да останете смирени“ , рече Емери .
Арсенал одигра нерешен натпревар со Кристал Палас на домашен терен во 10-то коло од Премиер лигата.
Granit Xhaka. Arsenal's captain. 😲 #ARSCRY pic.twitter.com/k2iAeuka48
— Football Survivor (@footiesurvivor) October 27, 2019