Под мотото Марш за Слобода, на 24 јули, во Скопје како и во двесте други градови низ светот ќе се одржи марш за слободата
Поттикнати од најавените мерки за присилна вакцинација против ковид, на 24 јули ширум светот ќе се одржат протестни маршеви на кои ќе се изрази револтот против фашистичките мерки за присилно вакцинирање на населението и воведувањето на ковид легитимации без кои невакцинираните ќе бидат маргинализирани и директно ќе им бидат ускратени основните човекови права за слобода на избор, движење и егзистенција.
Група граѓани од Скопје најавија дека се приклучуваат на светскиот марш за слобода и за 24 јули во 19.00 часот организираат марш кој ќе започне на плоштадот Македонија.
СТОП ЗА ПРИСИЛНАТА ВАКЦИНАЦИЈА И КОВИД ДИСКРИМИНАЦИЈА, МАРШ ЗА СЛОБОДА, МОЕ ТЕЛО МОЈ ИЗБОР И СТОП ЗА КОВИД ФАШИЗМОТ, се главните слогани на најавениот марш.