Наместо традиционалната воена парада во Москва поради пандемијата на коронавирус, денес е одржан аеромитинг во кој учествуваа вкупно 75 авиони и хеликоптери.
Парадата ја отворија хеликоптерите, а ги предводеше МИ26, кој е официјално најголемиот хеликоптер во светот.
Го пратеа МИ28 и МИ35.
Потоа над небото над Москва се најдоа бомбардерите кои се гордост на руската армија.
Црвениот плоштад го надлета и Групата „Стрижи“, која со години учествува во паради.
„Ве поздравуваме и ја честитаме победата над фашизмот“, рече командантот на групата, а потоа со чад ги насликаа боите на руското знаме над небото.
Путин : Се поклонуваме пред сите оние кои не се вратија во својата татковина
Авионите полетаа во 9 часот, а летаа во вкупно 48 градови низ Русија.
И покрај пандемијата и откажувањето на воената парада, ова беше најмасовно одбележување на 9 мај, уште од 90-тите години.
Прелет ќе се одржи и над Ерменија.
Рускиот претседател Владимир Путин положи цвеќе поред Вечниот пламен во близина на sидовите на Кремљ.
„Почитувани граѓани на Русија, драги ветерани и драги пријатели, со ето срце ви го честитам Денот на победата. За сите нас, тоа е најважниот и најсвечен празник. Секогаш го одбележуваме свечено, народно и заедно. Нашиот однос кон Денот на победата е свет, тоа е наше сеќавање. , „гордост“, рече Путин.
Тој додаде дека денес се сеќаваме на оние кои веќе не се со нас и се поклонуваме пред големото поколение на победникот.
„Тие направија толку многу за татковината што со ништо не може да се плати, ја ослободија Европа и го заштитија мирот“, рече Путин.
Путин додаде дека им оддава почит на луѓето од различни националности кои стоеја заедно на фронтот.
„Вечниот пламен гори дење и ноќе за да им оддаде почит на победниците“, рече тој.
Путин потоа одржа една минута молчење.
„Поминаа 75 години, свечено и масовно ќе го одбележиме тој ден. Ќе го сториме тоа достоинствено како што доликува. Ќе има парада на Црвениот плоштад и народен марш на Бесмртниот полк“, заклучи тој.
„Ви го честитам празникот на победата, ура“, порача Путин на крајот од својот говор.
#BREAKING : #Russian President Vladimir Putin laid flowers at the Eternal Flame in the Alexander Garden in #Moscow. And will now address the #Russians. pic.twitter.com/reWPhsEuvN
— Sushmit Patil Сушмит Патил सुश्मित पाटिल (@PatilSushmit) May 9, 2020