Приватната американска вселенска компанија Space X отпушти неколку вработени кои во отворено писмо го критикуваа сопственикот Илон Маск за неговото однесување, објавија локалните медиуми.
Новинските извештаи се однесуваат на е-поштата на претседателката на Space X, Гвин Шотвел, во која таа изјавила дека оние кои учествувале во пишувањето и проследувањето на писмото биле отпуштени.
Во писмото Маск е критикуван за однесувањето кое ги „вознемирува и срами“ вработените.
Според Њујорк Тајмс, Шотвел во мејлот навела дека писмото ги натерало вработените „да се чувствуваат непријатно, заплашени и малтретирани или лути“, бидејќи наводно биле принудени да потпишат писмо со кое не се согласуваат.
„Имаме премногу работа и нема потреба од ваков прекумерен активизам“, се вели во мејлот.
„Њујорк тајмс“ прв ја објави веста врз основа на информации што ги добил од анонимни вработени, а не е познато колку луѓе останале без работа.