Очајна коала која страдајќи од топлотните бранови кои преминаа над 40 степени Целзиусови во јужна Австралија, се приближи до група велосипедисти без страв и ги прифати понудените шишиња со вода, јавуваат локалните медиуми.
Велосипедистите во близина на Аделаида застанале кога виделе коала на сред пат и таа им се приближила бес страв откако застанале и се чинело дека бара вода, изјавила Ана Хауслер за 7news.com.au во петокот
– Секако дека застанавме затоа што сакавме да ја засолниме од патот. Застанав и таа ми пријде веднаш, прилично брзо за коала, и дадов вода од сите наши шишиња и таа дури се качи на мојот велосипед – рече Хауслер, додавајќи дека никој од нивните колеги досега не видел такво нешто.
Пожарите што беснеат со недели во јужна Австралија и источниот брег резултираа со смрт на најмалку 2.000 коали, покажа парламентарната истрага во декември. Животните починале или во пожарите или поради недостаток на храна и вода, изјави претседателот на Здружението за зачувување на шумите и екологот Дејан Пуг.
https://www.instagram.com/p/B6jY7IgHErS/?utm_source=ig_embed
Австралискиот министер за животна средина Сусан Леј изјави дека до 30 проценти од коалите исчезнале во пожарите кои зафаќаат области на Нов Јужен Велс.