Една сцена на улиците на Суботица ги шокираше сите.Имено, на интернет кружи фотографија на која една баба се шета со својот внук, додека го држи момчето на синџир врзан околу вратот.
Луѓето почнаа масовно да ја споделуваат оваа фотографија, а според Suboticke.rs , бабата е од Будимпешта и моментално работи на саемот што деновиве се одржува во Суботица.
#Subotica me ponekad baš razočara.
Sram bilo gospođu! pic.twitter.com/S9M28uYkSJ— DJ_CallMeTheFixer (@CallMeTheFixer) August 26, 2022
Таа не сакаше да се претстави, но рече дека тоа е „игра“ и дека момчето сам си го врзувало синџирот околу вратот. Мајката на момчето ја потврди оваа приказна, како и околните продавачи на саемот.
Сепак, и да беше само игра, момчето можеше да се сопне и исходот да беше фатален, а луѓето во коментарите на интернет ја осудија оваа постапка на бабата на момчето.
Subotica. Danas.
Imam nekih milion pitanja… pic.twitter.com/4d3a2S7ziV— Lutka. (@maca_mau) August 26, 2022