Министерството за надворешни работи на Авганистан објави соопштение во кое се наведува дека талибанците внимателно ја следат ситуацијата во Русија и Украина и се загрижени за можни цивилни жртви.
„Исламскиот емират Авганистан, во согласност со својата надворешна политика на неутралност, ги повикува двете страни во конфликтот да ја решат кризата преку дијалог и мирни средства“, се вели во соопштението.
Талибанската влада во Авганистан, исто така, ги повика страните во конфликтот да ги заштитат животите на авганистанските студенти и мигрантите во Украина.