Свет

Тахрир ал-Шам го отфрли договорот Путин-Ердоган ветувајќи дека нема да има „мир или безбедност“ сè додека не биде соборена сириската влада

Групата поврзана со ал-Каеда, Хаџат Тахрир ал-Шам, официјално го отфрли неодамнешниот руско-турски договор за прекин на огнот во Идлиб, ветувајќи дека ќе ја продолжи борбата.

Во официјалното соопштение, терористичката група тврди дека договорот ќе им овозможи на сириската арапска армија (ССА) и руските сили да продолжат со воената операција во регионот.

Групата исто така забележа дека повеќето услови на договорот не биле „применливи“. „Овој договор е обоен од нејаснотии и лабави, лебдечки фрази што му овозможуваат на рускиот окупатор повторно да го искористи за агресија, а има термини кои воопшто не можат да се применат и се сметаат за навреда и понижување кон мачениците и нивните жртви десет континуирани години“, се вели во соопштението издадено од ХТШ, објавено на 7-ми март.

Терористичката група, исто така, се заблагодари на турската влада за директното вклучување во неодамнешната борба против ССА и нејзините сојузници во Идлиб.

ХТШ го заврши сопштението велејќи дека ќе се бори против ССА и нејзините сојузници, ветувајќи дека нема да има „мир или безбедност“ сè додека не биде соборена сириската влада.

„Знајте дека не постои јазик што работи со окупаторот освен јазикот на силата и оружјето. Затоа, побарајте помош од Семоќниот Бог“, соопшти ХТШ

.Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган го финализираа новиот договор за Идлиб за време на состанокот во Москва на 5 март. Според новиот договор, воспоставен е прекин на огнот и се поставени заеднички патроли на автопатот Алепо – Латакија.

Related posts

Leave a Comment