Тенис

Тенисерката Наоми Броуди се запосли во локална продавница бидејќи остана без пари поради коронавирусот

Пандемија на коронавируот му направи сериозен проблем на тенисот! Сезоната е одамна веќе прекината, нема да има турнири барем 13 јули , а Вимблдон е откажан за прв пат по Втората светска војна.

Додека чекаме да видиме кога најдобрите тенисери и тенисерки на светот повторно ќе се вратат на терените, оваа пауза ги погоди тешко некои од нив. Толку многу што мораа да најдат нова работа.Токму тоа е ситуацијата со британската тенисерка Наоми Броуди. Таа има 30 години и се најде во незавидна состојба.

Поради вирусот корона, таа повеќе не игра на турнирите и затоа – повеќе нема пари.

Некогаш беше рангирана на 76-то место на ВТА-листата, но во моментов е рангирана на 499-то место. Бидејќи некои луѓе се сомневаат дека нема да има тенис до крајот на 2020 година , Броуди мораше да најде нова работа.

Таа се запсли во локална продавница за да преживее сè додека не продолжи тениската сезона.

“Тенисот е индивидуален спорт и ние самостојно заработуваме. Ако не играме, немаме ништо. Тоа е едноставно. Никој не заработува а познавам многу кои заработуваат многу малку, немаат заштеда и бараат било каква финансиска помош” , рече Броуди за Би-Би-Си.

Related posts

Leave a Comment