АЈ ГИТЛА ЗАЕДНО СО НАТО
Бујар се заканил со војна?! Е,и ? Тоа му доаѓа нешто како басната кога магарето му се заканило на лавот дека ќе го уплаши оти силно рика?!
Арно ама имало северџани но за жал и се повеќе цензусоиди кои го потфатија и го шират спинот ” Еј може војна да биде ” Добро и ?
И војната е за луѓе, ние на Балканот барем тоа добро го знаеме. Со таа капитална разлика што сега не е 1999! Во пост СССРова Русија не е веќе претседател пијаниот кловн Елцин.
Србија веќе не е истрошена од деценија санкции и три последователни војни, а пентагон се распаѓа од внатре….сосема друго прашање е што Кина плаче за коридор, пловен Вардар и пократок крак за “патот на свилата“. Кратко кажано со уличен речник: Скока да се” вмеша” на Баклан.Терористиве никогаш не биле борци, тие само сакаат да се сликаат со оружје, да удрат со нож од зад грб, храбри се само во сооднос 5:1 Заклучок?
Спонзорираниот евроатлански тероризам не може ни оддалеку да делува и даде учинок како во 1999-2001г. Терористите( и домашни и прекуокеански) тоа го знаат, но сепак се решија за блеф. Да не плашат без покритие. И така стигаме до “НАТО ќе не брани”. Ало бројлери кажете ми еден пример кога НАТО некого одбранило? Ја одбрани ли Грција од Турција на Кипар и многупати потоа, А Турција од Курдите и Ал Нусра фронтот? Ја одбрани ли Украина, а Грузија во 2008? Настрана фактот што точно НАТО испрати инструктори 2001, НАТО ги вадеше “борците за човекови права ” со климатизирани автобуси од боиштата…
Сето тоа не било важно, важно НАТО ќе не бранел. А зошто, ние сакати сме, ретардирани сме? Кој не бранеше 3 милениуми, кој не бранеше од Хуни, Авари,Бугари… Кој ни ја сочува верата 5 века под турско? Кој не одбрани од фашистичка Италија, Германија и Балистите заедно? И тоа во услови на немање држава, армија нит скршен денар??? Ај гитла бе и вие и НАТО. НАТО само може да биде окупатор , а вие соработници на окупаторот и како такви ќе бидете третирани од народот во иднина.
ТОМЧЕ ШИРКОВ