Свет

САД НАДВОР ОД ИНЏИРЛИК КАКО ОДГОВОР НА САНКЦИИТЕ ВРЗ ТУРЦИЈА

ЕПА-ЕФЕ / Георги Ликовски / архива

Анкара – Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу посочи дека на САД може да им се забрани да користат две стратешки воздушни бази во Турција.

Тоа може да биде одговор на евентуалните санкции на САД против неговата земја, објави државната агенција Анадолија.

Коментарот на Чавушоглу дојде по извештаите дека американските законодавци се согласиле за законот за одбрана, во кој се вклучени повици за санкционирање на Турција околу нејзината одлука да продолжи со стекнување и распоредување на руските системи за ракетна одбрана С-400, објави АП.

„Во случај на одлука за санкционирање на Турција, воздушните бази во Инџирлик и Курежик може да бидат на агендата“, рече Чавушоглу.

Тој истакна дека членовите на Конгресот мора да разберат дека не е можно никаде да се стигне со санкции.

Воздушната база  Инџирлик во јужна Турција е главна база за американските операции на Блискиот исток , а од неодамна, за борба против екстремистичката Исламска држава во Сирија и Ирак, додека Курежик, на источниот дел на Турција, е клучна база на НАТО.

Related posts

Leave a Comment