Се слагам со Комесарот. Секако дека договорот заслужува место во учебниците по историја. Но, како велепредавство, лага и измама, и краен акт на сеопшто поништување на еден народ и отворање пат за повторна поделба на Македонија. Ова го напиша актерот Тони Михајловски на Фејсбук по изјавата на Хан за Вијести дека Северна Македонија направи многу и дека Договорот од Преспа заслужува да биде во учебниците.
– „Се слагам и со тоа дека беше поинаку пред 5 години, пред да го назаначат Комесарот. Имавме држава. Сега имаме едно големо НИШТО. Комесарот успеа од НЕШТО да направи НИШТО. Тоа пак треба да влезе во книгите за Илузионисти. Тој е Дејвид Коперфилд во политиката. Направи да исчезне цела една земја и еден народ во неа. Не се слагам, и мислам дека не е во ред да не лаже Комесарот, дека не чека влез во ЕУ. Не може НИШТО да влезе било каде или да направи било што”, се огласи Михајловски на Фејсбук.