Двајцата водачи се ракуваа додека беа на различни страни од демаркационата линија
Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ин, се состанаа во Панмунџом, на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја во неделата.
Двајцата лидери се ракуваа додека беа на различни страни од демаркационата линија.
Доналд Трамп стана првиот актуелен претседател на САД, кој влезе на територијата на Демократска Народна Република Кореја (ДКРК).
Во минатото, само двајца поранешни претседатели на САД – Џими Картер (во јуни 1994 и август 2010 година) и Бил Клинтон (во август 2009) – ја посетија Северна Кореја.
Двајцата лидери неколку часа претходно остварија куса средба во Сеул.