Свет

Трамп : Протестантите кои излегоа за време на карантинот се ,,Големи луѓе“ кои си ги бараат своите работни места назад

Претседателот Доналд Трамп во неделата продолжи да ги брани демонстрантите кои го прекршуваат државниот карантин за време на пандемијата на коронавирус.

„Ова се Големи луѓе… Имаат карантинска треска и сакаат да се вратат. Тие сакаат нивниот живот да се врати; нивниот живот им беше одземен “, рече Трамп.

Трамп беше запрашан од новинарот на USA Today  Дејвид Џексон дали е загрижен за неговите повици за „ослободување“ и одбрана на Вториот амандман кои се „поттикнување насилство“ против некои од гувернерите од редовите на демократите кои го промовираат задолжителниот карантин.

Но, претседателот ги бранеше демонстрантите како патриоти.

„Сум видел американски знамиња насекаде. Никогаш не сум видел толку многу американски знамиња на собир отколку на овие собири “, рече Трамп. „Овие луѓе ја сакаат нашата земја. Тие сакаат да се вратат на работа “.

Кога Џексон праша за наводните „нацистички знамиња“на собирите, Трамп рече дека не видел ниту едно.

„Тоа, јас би го нарекол тотално,„ Никако “, рече Трамп. „Не го видов тоа … секако, сигурен сум дека весниците го потенцираат“.

Related posts

Leave a Comment