Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов е приведен во специјална акција на бугарската полиција поради злоупотреба на средства од ЕУ.
Приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешниот шеф на комисијата за буџет Менда Стојанова и поранешниот шеф на владината служба за информирање Севдалин Арнаудов.
Бойко Борисов и Владислав Горанов са арестувани https://t.co/k2RqvipHxG
— Дневник (@dnevnik) March 17, 2022
Според бугарското МВР, во моментов во рамките на истата акција се вршат претреси на повеќе локации.