Четири лица загинаа, а пет се повредени при пукање во Канзас Сити. Полицијата го бара напаѓачот.
Пукањето се случило во еден бар, а полицијата соопшти дека пронашла четворица мртви, пренесува Си-Ен-Ен .
Петмина од повредените се пренесени во болница и се во стабилна состојба.
Напаѓачот сè уште не е пронајден затоа што велат дека полицијата нема доволно добар опис од осомничениот.
Полицијата ги прегледува снимките од надзорот околу местото на пукањето, а се уште се чека на налог за претрес како би се извршил увид во кафеаната.