Најмалку пет лица загинаа во вторникот околу 08:30 часот на метро станица на 36-та улица, во населбата Сансет Парк во Бруклин, а полицијата соопшти дека неколку луѓе биле повредени на платформата на метро станицата во Бруклин за време на утринската гужва. Не е јасно точно колку луѓе се на мета и во каква состојба се.
Портпаролот на градоначалникот Ерик Адамс одби да коментира за пукањето, бидејќи се уште нема доволно информации. Да потсетиме, и локалните медиуми објавија дека станува збор за можна експлозија, но од полицијата тоа се уште не го потврдуваат.
Лице кое го преживеа ова се огласи на Фејсбук и напиша:
„Го преживеав масовното пукање “, напиша Армен Ермен.
Вооружен маж со гас-маска и портокалов градежен елек е во бегство во Бруклин, откако застрелал најмалку пет лица во вторникот на преполната платформа на метрото во паркот Сансет. Не е познато каде е сега напаѓачот, но полициските единици во Њујорк трагаат по него.
Video from #NewYork subway shooting today! pic.twitter.com/LRMYjnuf4J
— Alex M. (@AlexMacbucks) April 12, 2022