Македонија

Уште една жртва на корона вирусот, нови 25 дијагностицирани

Уште една жртва корона вирусот, нови 25 дијагностицирани

Почина уште една жена од корона вирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за 65-годишна жена која претходно била болна од хронично опструктивна болест, дијабетес и срцева слабост, како и гојазност.

Дијагностицирани се 25 нови случаи на КОВИД 19, во Македонија, во изминатите 24 часа. Со ова вкупната бројка на заболени достигнува 354. На правени се вкупно 3.775 тестирања.

Испишани се пет лица од Инфективната клиника, сите ќе продолжат на домашно лекување, откако по двата контролни теста биле негативни.

Што се однесува до пациенткатакоја во неделата наутро почина во болницата во Струга, а на која постмортум и е земен брис, истиот е позитивен на корона вирус.

Паиентите од Козле се испишани на домашно лекување, информираше Филипче.  Во Охрид завршен увидот од санитарниот инспекторат, изречена е казна на претходната директорка, доктори специјалисти и на самата институација за инфектологија. Треба да заседава и етичката комора.

Во Штип е регистрирана позитивна пациентка на КОВИД 19, примена е на штипската Инфектолошка клиника, и заради внимание 4 медицински лица ќе бидат во самоизолација.

Related posts

Leave a Comment