Најнов скандал во низата на фашистичките методи кои одродената власт ги спроведува врз сите оние кои се чувствуваат како Македонци
Навивачот на Вардар, Жарко Масларковски во среда треба да се појави на суд и да ја плати казната за веење на македонското знаме со сонцето од Кутлеш, а голманот на Вардар Борко Ристовски се понуди да му ја плати казната.
Поканата навивачот ја објави на Фејсбук, а еден од оние кои застанаа позади навивачот е сегашниот голман на Вардар, Борко Ристовски. Борко му порача на навивачот дека тој ќе му ја плати казната.