Свет

ФБИ приведе пратеничка на руската Дума на аеродромот во Њујорк

Пратеничката на руската Дума, Инга Јумашева, беше приведена на аеродромот во Њујорк заради сослушување, изјави рускиот амбасадор во САД

Инга Јумашев беше приведена од официјални лица на ФБИ. Руската амбасада затоа испрати протестна нота до Стејт департментот, пренесува Тас .

Агенцијата РИА Новости објави дека Јумашева пристигнала во САД да учествуваа на форумот “Дијалог Форт Рус”, кој се одржува денес и дека службеник на ФБИ ја испрашувал еден час.

Според руската дипломатска мисија, на Јумашева и биле поставувани  „целосно нејасни, неразбирливи и неприфатливи прашања“.

Агенцијата потсети дека дел од руската делегација, која требаше да присуствува на Генералното собрание на ООН, не доби визи од САД.

Руската амбасада во САД упати протесна нота до Стејт Департментот поради приведувањето на Инга Јумашева.

Related posts

Leave a Comment