Занимливости

(ФОТО) БОСА И СО ХИЏАБ ВО ЏАМИЈА : Фотографии од Иванка Трамп предзвикаа бура на социјалните мрежи

Иванка Трамп присуствуваше на Светскиот женски форум во Дубаи во саботата каде што се сретна и со принцот Мохамед бин Зајед ал Нахјан.

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп ги посети Обединетите Арапски Емирати. Иванка Трамп беше фотографирана како носи хиџаб и шета боса, а тоа генерираше голем број коментари на социјалните мрежи и во медиумите.

 

Таа не е странец во овој дел од светот, но многумина проценија дека она што таа го носела во џамијата во Абу Даби е „лажна поддршка“ за муслиманските жени.Некои не беа премногу импресионирани од ова и сметаат дека таа требаше да испрати некој протест наместо да им удоволува на муслиманските лидери.

Related posts

Leave a Comment