Запрашан да ги коментира односите меѓу Москва и Париз, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Франција е непријателска земја.
„Франција не е пријателска земја за Русија поради санкциите и антируските потези“, рече Песков, пренесе ТАСС.
Русија ќе го намали нивото на контакт со земјите додадени на списокот на непријателски држави , изјави претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Природно е дека ставањето на листата на непријателски земји значи намалување на нивото на контакти. Ова е работа на Владата, Владата е таа што носи таква одлука. А тоа е едноставно поврзано со непријателското однесување на тие држави – рече Песков, коментирајќи го фактот дека Русија го прошири списокот на непријателски држави.
Да потсетиме, по низата потези на северџанистанската влада и Македонија беше ставена на списокот на непријателски земји на руската федерација. За среќа, руските власти направија јасна дистинкција помеѓу Македонскиот народ и криминалната квинслиншка врхушка.