Прекршочните судови во Црна Гора минатата година казниле 168 родители кои одбиле да ги вакцинираат своите деца, скоро три пати повеќе отколку во 2013-2017 година. Според судските записи, 140 родители биле казнети со парична казна, а 27 добиле опомена, пренесува весникот Вијести.
Поради одбивањето на имунизацијата, родителите беа санкционирани со околу 14.560 евра, што значи дека генерално им е изречена минимална законска казна од 100 евра.
Според законот, максималната казна е 2.000 евра. Повеќе од 8000 деца на возраст меѓу три и пет години сè уште не ја примиле вакцината ММР, која ги штити од три заразни болести – мали сипаници, заушки и рубеола.