Занимливости

Шише виски од 2 милиони долари најде купувач

Шише виски “Makalan fine and rare old 60” беше продадено на аукција за 1,9 милиони долари. Тој алкохолен пијалок произведен во 1926 година е најскапото шише пијалок продадено на аукција.

По втор пат, едно шише виски од Макалан достигна рекордна цена на аукција. Минатата година шише кое излезено од таа дестилерија беше продадено за 1,2 милиони долари во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон.

 

Произведено во 1926 година а преточено во шише 60 години подоцна, шишето Макалан со реден број 263 е едно од 14-те шишиња со дадена ознака ,,fine and rare“.

„Може да ја почувствувате тензијата во аукциската сала“, рече специјалистот за пијалоци на аукциската куќа Сотби.

Според него, продажбата на „Макалан“ виски беше една од „највозбудливите моменти во историјата на продажбата на виски“.

Related posts

Leave a Comment