Занимливости

ТОКИО : Украден дијамант вреден 1,84 милиони долари

Јапонската полиција ја испитува кражбата на дијамантот од 1,84 милиони американски долари од изложбата за накит во Јокохама, недалеку од Токио.

Дијамантот од 50 карати последен пат е виден во стаклена витрина во четвртокот, во 17 часот по локално време, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека еден час подоцна, веднаш по затворањето, откриено е дека дијамантот исчезнал а дека вратата е отклучена, пренесуваат јапонските медиуми.

Во полициското соопштение се вели дека грабежот се случил во последниот час на многу посетената изложба.

На снимката од безбедносната камера која беше прегледана од истражните органи, с гледа како неидентификуван маж се приближува кон витринат во време кога се верува дека се случил грабежот.

На тридневната изложба во Јокохама, која заврши во петокот, присуствуваа околу 410 златари од целиот свет и беше посетена од повеќе од 10.000 луѓе.

Related posts

Leave a Comment