Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, рече дека Српската православна црква би сакала да управува со Црна Гора и да го одредува нејзиниор правец и карактер.
„Дали на Црна Гора и е место во Европа или на друга страна“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција по повод двогодишниот мандат, која се одржува пред резиденцијата во Цетиње, пренесува „Вијести“.
Одговарајќи на прашањето дали законот за верска слобода е провокација за стабилноста, тој рече: „Суштинска дилема е дали државата со новите законите усогласени со европските, треба да ги замени законите од комунистичката ера ? Да. На Црна Гора му треба Закон за верска слобода и тој е донесен во вистинско време “
Тој нагласи дека сè што е одземено од Црна Гора, ќе и биде вратено.
„Дали Црна Гора треба да се откаже од таквата потреба, секогаш кога дел од општеството ќе се побуни, одговорот е – Не“, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека на Црна Гора и треба тој закон и затоа е донесен.
Според претседателот на Црна Гора, законот отвори многу прашања, некои се појавија на површината, како прашањето за имотот, каде државата се соочи со отпор од Српската православна црква. „Немој да ни ги нудите оние чудни и крвави формули за иднината на Балканот. Нема да ги прифатиме“, рече Мило Ѓукановиќ.