ЈАН КУЛ – АВТОБИОГРАФСКИ РОМАН ,,АКАДЕМИЈА АРБАТ”
Глава Втора : Лимбо
Откако го завршивме куртоазниот дел од разговорот , како глобално- социjална обврска , му раскажав на Крис за причината на моето апансас jавување.Каj мене ,не постоеше прекумерно очарување и очекување , заради подоцнежно евентуално разочарување . Но , Совеста, мораше да биде нахраната . Неjзиното ,лаење , не ми даваше спокоj додека не ги проверам сите можни вариjанти кои ми паѓаа на памет.
Англичанецот , внимателно го слушаше моjот англиски , коj бездруго му ги параше ушите. Фактот дека тоj веќе беше во тек со моите лингвистички еквилибристики , преставуваше минимално олеснување за jазичниот терор, коj веќе го беше навикнал.
,, Во ред Кул , дали можеш уште еднаш да ми телефонираш следната Недела отприлика во исто време?,,
,, Се разбира Крис , и да не можам – ќе ѕвонам,,
,, Jас , во текот на оваа седмица ,ќе разговарам со Мери … Мекоули . Знаеш , ти раскажував за Мери , таа е ЏМ( генерален менаџер ) на Касино Австриjа за цела Британиjа. Често патува ,но ќе и оставам порака во офисот . Обично ми се jавува при првата можност.,,
Отспротива на плишана табуретка седеше Штица , нетрпелив да ги слушне новостите од западната страна на каналот.
,, Крис… овде е и Штица , се сеќаваш на Штица и Дара . Голем поздрав и од…,,
,, Штица , како е тој ? Како е Дара ?,,
,, Од Бог супер , ама со работа тенко , ние живееме каj нивни роднини , бесплатно,.,,
,, Одлично , значи би работеле заедно ?,,
Штица , како со рбетниот мозок да ја улови смислата на разговорот , климаше со главата во знак на одобрување.
,, Се разбира Крис , што повеќе не има – толку е, повесело.,,
,, Океj , се слушаме во Недела ,, – со оваа фраза го завршивме скапиот разговор.
Штица ме гледаше како , добра новост , во очекување моjа интерпретациjа на разговорот. Како што раскажував , со осврт на сите детали , така непроизволната насмевка се разлеваше по неговото лице.После првата манифестациjа на контролирана ,еуфориjа , на сцената се исправи , скепсата , коjа мораше да му отстапи место на умерениот оптимизам. Чунки , единственото нешто , што можеше да биде дополнително загубено е надежта , и тоа на определено време. Таа е бесмртна. Решивме да го презентираме почетниот успех , базиран на ,жими маjка, каj своите сопруги. Многу молитви , од чисто срце , беа изречени таа ноќ. Сите духови на наши предци ги слушаа молитвите над Бараките , и итаа да му ги предадат на Универзумот , за Тоj да го сврти , пердувот на судбината , кон нашата страна.
Неделата се точкаше како мрзелив мачор , времето поминуваше во домашниот , чад , . Го гледав растот на синот Кико , учествував во ползечките трки ( на кратки патеки ) со него, од кои тоj секогаш излегуваше победник. Со неговата маjка се трудевме да не разговараме за проектот ,, Касино Австриjа,, – да не слушне лошото. Посетите од Штица беа повод за анализа на сите возможни алтернативи , кои како , одлука, ги чекаше во тивка заседа Неделата. Ги прераскажувавме и преживеалиците на колегите- крупиеа од казината во Доjран. Додека тие работни случки се добираа до Охрид, прокоцканите марки и долари , добиваа статут на легенди , а , истапираните , Грци – провиснати физиономии. Чат- пат , се среќававме со охридските колеги , барем со тие кои сеуште живееа во Охрид ,во исчекување на чудо. А од останатите :
Деско и Точко , се трудеа на бродовите од Роjал Карибиен , крстареjќи по светскиот океан.Буф. Лиле и Жарко , во потрага по место под Сонцето , работеа во Jужна Африка – Сан Сити , Тамара и Валентина пред некое време се вратиjа од Сент Винсент , планираниот од нив расплет на настаните , само ги изнасмеал боговите .
НЕДЕЛА
Се качувавме по скалилата кон вториот кат од куќата на , роднините , и краткотраjни спазми како пред важен испит , ми ги масираа белите дробови. Изминатата седмица помина во лимбо меѓупросторот , каде што со бестежинска леснина ја очекував Неделата и сите неjзини последици.
Во истите пози од минатата Недела , како во времеплов ги повторив истите деjствиа на црвениот – речиси мобилен телефон , и повторно долгото: ТиииТ…Тииит…
,, Знаев дека си ти ,,- се пошегува Крис. Според боjата од гласот помислив дека беше во добро расположение . Супер знак – прелета мисла низ напрегнатиот мозок.
,, Ќе преминам веднаш на главното ,, – проговори професионалецот во моjот англиски приjател и колега.
,, Мери е запознаена со вашето барање и наjбрзо што може да ви понуди е Москва или Будмипешта. За жал , островски ангажман, засега не е опциjа.,,
Остров ?! Раj ?! Било каде , во Патагонија, Гвинеа , Занзибар,… е излез од секоjдневното сивило , кое ги нагризува телото и духот.
,, Имате недела дена да ги комплетирате вашите документи , завршите домашните обврски . До следната Недела се надевам дека ќе решите коj град ви се допаѓа за работа и живот во него. Простете за забрзаната процедура , но Мери инсистира , потребни сте .,,
Неколку пати му го прераскажав разговорот на Штица .Како сите проблеми , житеjски – густи , да се симнаа од плеќите и седнаа да починат од напорната дисциплина ; притискање со сета сила. Како чувството на морално олеснување спласнуваше , така дилемата ; Москва – Будимпешта добиваше на тежина.
= Будимпешта , претходно , два пати сум поминал низ неа , во воз чие што одредиште беше Берлин. Источен . Премалку впечатоци остануваат кога лежеjќи во купе ,гледаш во градот , особено од железничката станица. А тие се секаде слични до идентичност. Гулаш , Блатното Езеро, рипки – гомноjадки кои ги педикираат ножните прсти во барокни дворци-амами и вкусни домашни колбасичина – прелиени со токаjско полуслатко вино. Немаше душевно наполнување , ниту урбана мистичност во името Будимпешта
-Москва, град коj во наjраните мои сеќавања , беше особен. Мојот татко , Маjсторот , ( Царство му Небесно ) jа посети Москва неколку пати , како почитуван трудбеник во Електромонтажа и подоцна ЕСМ. Широката руска душа беше вградена и во престолнината на Соjузот од Советски Републики . Широките булевари и обиколки со мал броj автомобили на нив , далечината на градскиот хоризонт , грандиозноста на историскиот московски центар со ѕидините на , Кремаљ како негово срце , останаа во мемориjата на Маjсторот- засекогаш. Златоглавата , од секогаш ги пленувала Македонците со своjата смирена сила и женственост.
Слична генетска поврзаност нуди и Берлин , творба од времето кога на Jужниот Балтик кнегувале Котлари.
Постоеjа ,компоненти , кои антагонираа со Москва;- Советските луѓе во моjата неинформираност , преставуваа сиви био-роботи , во сиви костуми , обучени до врвна дисциплинираност , и живот ослободен од хумор . Сите филмови и музика , кои титовата и пост-титовата Jугославиjа ги , прожектираше , на малите екрани од ТВ приемниците и на големите платна во кино- салите , како да беа ,клепани , во подрумите на Авала Филм , само за да го оцрнат СССР , а да го возвеличаат Запад и холивудската џиџимиџарница Тие ,клепани , филмови никогаш не успеав да ги пронаjдам или гледам . Единствено ,Воjна и Мир на С. Бондарчук е чесен исклучок. Втората , компонента , беше ( имагинарното ) отсуство на Мери во таа географиjа , позната по своjата строгост .
Единствено , само еднаш имам направено посериозна грешка во своите проценки , споредено со неточноста на овие ,две, мои претпоставки. Тогаш, и пристапив на непозната девоjка во непознат бар , во непознат град , со непознати со-дринкери. Тоа беше исто така , голема , а можеше да биде и скапа погрешна проценка…
Занесени во ,карнегиевиот систем на плусови и минуси, решивме – интуициjата да го има завршниот збор во разрешување на дилемата. Таа , непогрешливо , jа избра Москва . Гласот на Бог ( интуициjата , да не звучи како диjагноза ) ја определи нашата судбина на тоj , чек-поинт , . Тука , патот се рачваше во два правци , првиот кон ПраРодината , вториот кон колективниот Запад. И Унгарците ни се близок народ, кон крајот на 9-тиот век , со дозвола на Кнезот Светислав и наследните кнезови на Руриковичи ,Угро- Финските народи jа преминувале територијата на Северна ( Новгородска ) и Jужна ( Киевска ) Русиjа на пат кон местото кое стана нивен дом- кралство , империjа , денес република -државата Унгариjа.Таа ,асистенциjа , е запишана во богатата 1.000 годишна историjа на суверена Унгариjа.
Коцката беше фрлена , му кажавме на Крис за нашето решение :- Москва , и после неколку дена ,од Палер подигнавме два повратни- авио билети Охрид- Москва , со важност од 6 месеци за враќање дома.
Консензуално решивме дека Москва е студен град ( со топло срце ) , ги спакувавме наjтоплите од сите топли алишта во , сите два куфери , и со 20 нацело и 5 башка американски банкноти бевме спремни за големи дела.
Гурбетчиската разделба со семеjството jа знае и разбира само тоj што многукратно , година за година , пакувал- распакувал : куфери , торби , ранци и полиетиленски пакети. Телото се движи , душата гушната од дущите на твоjата душа бунтува , неможеjќи да ги разбере оправдувањата измислени и конструирани од прагматичниот разум.Тие регуларни разделби носат, странци ,во домот , откорнати и отуѓени од него.
Во дождлива , доцно- ноемвриска вечер , авионот на Палер не однесе во друг ,паралелен , со актуелниот македонски – свет.
Продолжува