ПРЕДЛОГ
Знам, празник е. Треба да се одмараме, да се веселиме, дружиме. Меѓутоа, треба и да мислиме за иднината – како за нашата, така и за генерациите кои сѐ уште не се дојдени, но кои ќе дојдат. Затоа и го постирам следниот текст:
Со почит и однапред благодарен, јас доле непотпишаниот им предлагам на нашите хумани и, над сѐ, мудри власти методот што го применија врз домашните животни, сега да го применат и врз постарите лица – од 65 години, па натаму. Нека им дозволат, во придружба на нивните деца или внуци (може и комшии), да прошетаат барем три пати на ден, по половина час. Нормално, со неопходната опрема – ланец околу вратот и корпа околу устата, бидејќи касаат. Со таа одлука, ќе се постигнат најмалку две цели: ќе покажат грижа за потребите на старите и, од друга страна, младите ќе добијат бонус излегување и, токму затоа, ќе гласаат на наредните избори за нив и за никој друг.
Се надевам дека предлогов ќе наиде на широка подршка кај властите и, особено, кај хумано-загрижениот Венко Филипче
Љубомир Цуцуловски