Свет

Љубомир Цуцуловски: Интересно е како бугарската политика дозволила во 1944 год, два милиони „бугари“, преку ноќ, да бидат „преобразени“ во Македонци?

Цуцуловски

Интересно е како бугарската политика дозволила, без каква било реакција, 1944 год. два милиони „бугари“, преку ноќ, да бидат „преобразни“ во Македонци, и како тие „бугари“ тоа го прифатиле сосема кротко, бидејќи тоа имплицира дека и во иднина може истото да се случи – од нив, на пример, да се создадат Гагаузи, по директива на некоја нова Коминтерна.

На тој начин, „бранејќи“ го својот/„својот“ народ, тие го сведуваат на лесно, дури и евтино обликлива маса. Интересно е зошто молчат за „бугарите“ во Грција и за тамошната граѓанска војна во периодот 1946-1949 година. Досега, колку што знам, за ова занемено молчат, ниту каков било пишан протест испратиле.
Веројатно се држат до принципот да се притисне и да се покажуваат „мускули“ таму каде што мислат дека е слабо, дека нешто може да им успее или да се протурка. Интересно е, исто така, да објаснат како во Бугарија дојде до насилно денационализирање и преименување на голем број Турци, Роми или исламизирани Бугари и дали тоа беше во духот на демократијата или на живковизмот и шовинизмот.
Ништо помалку не е интересно зошто штом се спомне македонското прашање, окупацијата на Македонија (вклучувајќи го и делот во Грција за време на Втората војна), како и губењето (буквално!) на с и т е војни во 20-от век, како по команда се јавува цел бран „бугари“ со најнавредливи зборови за нас Македонците и со спротивтставени, самите на себе, ставови.

Или, не се работи за ставови, туку за стравови од она што го правеле и што го прават? На тој начин, само ја поткреваат атмосферата на нетрпеливост, на омраза и агресија во однос на соседните држави и нации. Дел од бугарските политичари (точно: официјални политичари!) јавно манифестираат територијални претензии кон соседите, занесени во нивнит Сан-Стефански сон, како и секој провинцијалец.
Во ваква ситуација, нема да дозволам каков било коментар од нивна страна на мојот фејсбук профил, бидејќи нарачаните/целените „коментари“ никаде не водат, освен кон продлабочувања на официјано продуцираниот анимозитет. Конечно, секој од нив си има своја фејсбук страница (ја имаат и ЕУ) и таму може да пишува, дискутира, коментира, кажува и „“докажува колку што му душа сака. Меѓутоа, кај мене не ќе може – веднаш ќе биде избришан или блокиран.

Моите постапки, како и мојата одлука можат да ги именуваат како ќе посакаат. Тоа е нивен проблем, како што е нивен проблем и нивната немногу блескава историја, особено од крајот на 19-от и во текот на целиот 20. век. Се надевам дека вие, кои редовно ги следите моите постови, ќе имате разбирање за мојата одлука и дека нема да дозволите да влегувате во кавги и докажувања на она што е секому познато – дека Македонија и Македонците постојат, колку тоа некого и да збеснува или да му ги зголемува примитивните фрустрации. Пријатно и секое добро, пријатели.

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment