ФБ Статуси

Љубомир Цуцуловски : Таман да влеземе во НАТО, таа почна да се ниша.Не останува ништо друго освен самите да влеземе во Персија и да ја згазиме. Патем, на враќање, и по еден персиски килим (како награда!) можеме да си земеме

ОСТАВЕТЕ ГО АЦЕТА

Гледам многу Македонци им се ситат на Персијанците. Повторно ќе им го испрателе Ацета. Оставете го човекот. Нека почива во мир. Заслужил! Доста им беше на Персијанците од него! Се отепа, борејќи се со нив. Сега му е мајката на Заев и Шеќеринска, особено после стручниот претстој на оној американски носач на авиони… А бе, на оној… Како, де, се викаше она носачот? Де, кажате. Имаше на него и македонско знаме. За Тале, Дане, Огне, Огнен… Како се викаше, де оној? Му го заборавив името. Ах, да – Дане Талески. Доволно е само да ги погледа и… И… ? И, ништо!

БАКСУЗ. Таман решивме да влеземе во ЕУ, ЕУ пропадна. Почна одвнатре да се реновира/реформира. Баксуз, па тоа ти е. Таман да влеземе во НАТО, кога и таа почна да се ниша. Нападнати се воени цели на нејзина членка, а таа не постапува според Член 5. Седи, молчи и ништо не превзема. Срам невиден.

ЌАР. Не останува ништо друго освен самите да влеземе во Персија и да ја згазиме. Патем, на враќање, и по еден персиски килим (како награда!) можеме да си земеме. Квалитетни се. Проверено!

ФБ Статус на Професорот Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment