Американскиот претседател Џо Бајден привлече големо внимание во понеделникот откако рече дека „новиот светски поредок“ наскоро ќе биде воспоставен и дека на САД е да го водат.
BIDEN: "There's going to be a new world order out there and we have to lead it." pic.twitter.com/jNfUmUO80p
— Greg Price (@greg_price11) March 21, 2022
„Многу луѓе загинаа, но ниту блиску до хаосот што беше порано, а сега е време кога работите се менуваат“, продолжи тој.
„Ќе има нов светски поредок, и ние треба да го водиме, а во тоа мораме да го обединиме остатокот од слободниот свет.
Коментарот привлече внимание и во САД и ширум светот и резултираше со тоа што „Новиот светски поредок“ стана една од „тренди“ темите на социјалната мрежа Твитер во понеделникот.
Терминот „нов светски поредок“ историски се користел за опишување на ера на големи глобални промени и го користеле политичари како што се поранешниот американски претседател Џорџ Буш, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и поранешниот британски премиер Тони Блер.