Руската инвазија на Украина се заканува да биде „почеток на Третата светска војна“ што може да значи крај на цивилизацијата, предупреди контроверзниот милијардер Џорџ Сорос .
Во жестокиот напад на рускиот претседател Владимир Путин и на кинескиот Кси Џинпинг на Светскиот економски форум во Давос, Сорос предупреди дека автократските режими се во пораст и дека глобалната економија е во депресија. Тој, исто така, жестоко ја критикуваше поранешната германска канцеларка Ангела Меркел поради отстапките кон Москва и Пекинг.
„ Инвазијата можеби беше почеток на Третата светска војна и нашата цивилизација можеби нема да ја преживее. Инвазијата на Украина не излезе од ведро небо. Светот се повеќе е вклучен во борбата меѓу два системи на управување кои се дијаметрално спротивни еден од друг: отвореното општество и затвореното општество“, рече тој, пренесива Гардијан. Денес Кина и Русија претставуваат најголема закана за отвореното општество, рече Сорос, кој пред триесет години го шпекулираше финансискиот напад кој ја исфрли фунтата од европскиот механизам за девизните курсови.
Европа добро одговорила на кризата предизвикана од руската инвазија. „Ќе биде потребно долго време да се разрешат деталите, но Европа се чини дека се движи во вистинската насока. Таа одговори на инвазијата на Украина со поголема брзина, единство и сила од кога било досега во нејзината историја“, подвлече тој. „Но, зависноста на Европа од руските фосилни горива останува прекумерна, најмногу поради меркантилистичката политика што ја спроведува поранешната канцеларка Ангела Меркел. Таа склучи специјални договори со Русија за снабдување со гас и ја направи Кина најголемиот германски извозен пазар. Ова ја направи Германија најдобрата економија во Европа, но сега мора да се плати висока цена. Германската економија треба да се преориентира. А за тоа ќе биде потребно долго време“, додаде тој. Сорос рече дека Путин ја добил согласноста на Кси за руската инвазија на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг на почетокот на февруари. Но, тој инсистираше на тоа дека кинескиот лидер не е толку силен како што веруваше. „Кси крие тајна. Тој никогаш не му кажа на кинескиот народ дека е вакциниран со вакцина дизајнирана за оригиналната варијанта на Вухан и нуди многу мала заштита од новите варијанти. Сорос рече дека Кси не можел да го каже тоа бидејќи бил во деликатен период од неговата кариера. „ Неговиот втор мандат истекува есента 2022 година и тој сака да биде назначен за трет мандат без преседан, што на крајот ќе го направи доживотен владетел“, но се надевам дека политбирото во Пекинг веќе се подготвува да го спречу во неговите намери изјави Сорос.