Стотици луѓе беа уапсени, а седум полицајци беа хоспитализирани за време на денешните демонстрации против заклучувањето во Мелбурн и Сиднеј.
Во Мелбурн, повеќе од 4.000 демонстранти почнаа да ги пробиваат полициските линии, а во Сиднеј, полицијата спречи собирање помали групи незадоволни граѓани во поголеми, пренесува Ројтерс.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како демонстранти протестираат, фрлаат предмети врз полицајци и носат факели, како и припадници на полицијата кои користат солзавец, објави претходно лондонскиот весник Гардијан.
JUST 🚨 Chaotic scenes as protesters break through police barricades in Melbourne, Australia #Melbourneprotest #sydneyprotest pic.twitter.com/vHOXIjtpav
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 21, 2021
Во Мелбурн беа уапсени 218 лица, во Сиднеј 47 и беа издадени 236 задолжителни казни за навреда на полицајци.
Протестите во Мелбурн се одржаа откако премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус, објави дека ќе се воведе карантин во целата држава, во кој се регистрирани 77 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.
Massive turnout to demand freedom in Melbourne, Australia. The people have all the power so they need to start using it. #NoMoreLockdowns #NoVaccinePassportsAnywhere pic.twitter.com/DKMmpcTrkT
— Gillian McKeith (@GillianMcKeith) August 21, 2021
Watch this police behaviour in Australia against those that stood in defence of their basic liberties,
WE SUPPORT YOU!
WE APPLAUD YOU!
WE STAND WITH YOU!
Part 1. pic.twitter.com/KMpPUjcmea
— Lee (@VictoryDay_Hope) August 21, 2021