Регион

Албанец силувал малолетна Британка на островот Крф во Грција

 

Шок на островот Крф: 32-годишен маж беше уапсен од грчката полиција во петокот наутро за силување на 14-годишна британска девојка. Според локалните медиуми, мажот од албанска националност работел во хотелот каде што жртвата го поминувала летниот одмори со семејството.

Жртвата и нејзиното семејство го пријавиле силувањето во полиција во четвртокот.

Веднаш Дирекцијата за безбедност на Крф беше мобилизирана во овој невиден случај ,на турист, кој бил сексуално нападнат од вработен во хотел.

Полицијата бргу го идентификуваше и уапси 32-годишниот наводен силувач на 14-годишната британска девојка.

Идентификацијата на човекот беше лесна откако жртвата го опиша, а освен тоа, тој припаѓаше на хотелскиот персонал.

Инцидентот, наводно, се случил во хотелски објект во Дасија, рано наутро во среда, 14 август.

„Тој подоцна беше предаден на полицијата, признавајќи го силувањето“, јавуваат локалните медиуми.

Против него се подготвува досие за случајот, тој се очекува да биде изведен пред јавниот обвинител во текот на денот.

Локалните жители  се шокирани.

Туристите  и нивните деца треба да бидат безбедни во хотелите…

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!